Паника: Земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер траел 10 секунди

од Симе Стоиков
238 прегледи

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди островот Шикоку во Јапонија.

Земјотресот е регистриран во 14 часот и 48 минути по локално време, на 24 километри од Уваџима на длабочина од 41 километар, јавува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Според веб-страницата ЕМСЦ, земјотресот „траел десет секунди, но не бил почувствуван толку силно“.

Нема предупредувања за опасност од цунами или уништување поради земјотрес, а засега нема информации за жртви или материјална штета.

Слични содржини