Панов: Историјата треба да биде надвор од политиката

од Radmila Tasevska
167 прегледи

Професор доктор Митко Панов од институтот за национална историја и воедно претседател на здружението на историчари на Македонија, во вечерашното гостување во „Аргумент плус“ на Телевизија 24, вели дека токму делот во којшто историјата е вметната во договорите и во Преспанскиот договор посебно во договорот со Бугарија е причината всушност за овие несогласувања.

– За жал мислам дека историјата треба да биде условно кажано надвор од политиката иако никогаш не била, меѓутоа во 21 век ние мораме да ја поимаме историјата со сосема поинаков аспект значи она што за Република Македонија сега се случува е безпреседан во меѓународните односи и од тие причини сметам дека дел токму делот во којшто историјата е вметната во договорите и во Преспанскиот договор посебно во договорот со Бугарија е причината всушност за овие несогласувања, изјави Панов.

Панов вели дека не гледа конфликт во историјата или меѓу двете општества околу историјата затоа што секоја нација, секој народ, си има права на свој наратив тоа е меѓународно право загарантирано.

– Неверувам дека јас не знам таков случај да некоја нација е принудена да го менува својот национален наратив а со тоа да ги отстапува своите национални херои, во интерес или во името на некакви европски вредности со тоа во суштина ги крши европските вредности, апсурдот е тоа, рече Панов.

Тој додава дека токму начинот на којшто се поима историјата или се наметнува да се поима во двете општества е причина за ваквото влошување на односите особено што многу пати кажал. Панов додава дека он лично има многу пријатели во Бугарија, професори со којшто дебатира или на конференции и во јавни и во семејни дружби, меѓутоа никогаш тоа не било пречка.

– Вмешувањето на политиката или политичките агенди којшто имаат за цел да ја инструментализираат историјата со тоа и да се прогнотизира идентитетот на македонскиот народ и македонската нација е клучниот проблем којшто сега го гледаме, изјави професор доктор Митко Панов.

Слични содржини