Пановска Ставридис: Не е докажано дека состојбата на 28. годишната девојка е од вакцинацијата со „Астра Зенека“

425 прегледи

Во рамки на своето гостување во дебатата на 360 степени, директорката на Клиниката за хематологија, Ирена Пановска – Ставридис посочи дека 28. годишната девојка која имаше нус појава по вакцинацијата со „Астра Зенека“ во Србија, е во добра состојба и целосно е повлечена невролошката симптоматологија.

„Во вторникот на нашата клиника беше хоспитализирана млада пациентка која на 21 март примила вакцина ‘Астра Зенека’ во Србија. Една недела по вакцинирањето, пациентката почувствувала главоболки кои биле неспецифични еднострани, во неколку наврати изгубила свест и потоа забележала оток на очниот капак на едната страна на лицето. По направените невролошки испитувања и крвни анализи беше упатена на нашата Клиника, бидејќи имаше многу ниски вредности на тромбоцити. Тоа се клетки од крвта кои имаат улога во згрутчување на крвта, а истовремено имаше изразена невролошка симптоматологија“, посочи Пановска – Ставридис.

Во рамки на медицинските научни истражувања, директорката вели дека не е докажано дали оваа состојба е поради вакцината или пак, поради ниската вредност на тромбоцити што може и онака да се појави кај пациенти со тромби.

Врз пациентката бил спроведен алгоритам според последните светски препораки за овој таканаречен нов синдром, за кој сè уште не е докажана поврзаноста со вакцинацијата на „Астра Зенека“.

„На пациентката ѝ беше даден адекватен третман и кај неа е целосно повлечена невролошката симптоматологија, полека почнаат да растата вредностите на тромбоцити, но сè уште е задржана под медицинска опсервација на нашата клиника“, заклучи Пановска- Ставридис.

Слични содржини