Пановски: Да не дозволиме да ја расипеме работата на самиот крај

418 прегледи

Само уште малку трпение, за да не ја расипеме на самиот крај, одиме на подобро, посочи денес кумот на годинешната церемонија по повод големиот христијански празник „Бадник“, Д-р. Никола Пановски.

Во оваа прилика, Пановски испрати порака дека очекува следната година овој голем христијански празник да се одбележи како што доликува,

„Одиме на подобро. Секој ден ќе биде полесен од претходниот. Само уште малку трпение да не ја расипеме работава на крај. Имаме поубава година и до година да се собереме како што приличи на секој Бадник“, истакна Пановски.

Инаку, традиционално со кочија и бадниковиот куп, Пановски заедно со најтесното семејство замина од Соборниот храм.

На денешното одбележување на Бадник во Соборниот храм присуствуваше и годинашниот здравичар Миодраг Врчаковски.

Поради пандемијата од Ковид 19 и препорачаните мерки за безбедност и заштита, оваа година Соборниот храм го посетија ограничен број на верници.

Бадниковите гранчиња беа делени на главниот влез на црквата и на влезот од страната на камбанаријата, а изостанаа и традиционалните детски бадникови поворки како предвесник на утрешниот христијански празник Рождеството Христово – Божик. Од Здружението, кое секоја година ги организира детските бадникови поворки, информираа дека точно напладне озвучено возило во придружба на полициски возила ќе ја помине традиционалната патека на движењето на бадниковите поворки односно од црквата свети Димитрија до Соборниот храм.

Слични содржини