Пановски: Децата треба природно да стекнат имунитет, а не да се вакцинираат

Во своето гостување во Само Вистина, д-р. Никола Пановски, уште еднаш потенцираше дека Ковид 19 е вирус кој мутира, и го посочи лекот, кој како што вели е ефикасен и го имаме лесно достапен, но не го применуваме.

„Треба да се даде лек кој веќе постои и спасува животи. Во Австралија и Египет, истиот се користи. Се работи за студии според кои Ивермектин го сметаат за лесно и ефтино оружје против Ковид 19“, вели Пановски.

Тој потенцираше и дека иако шведскиот во однос на некои други земји е неефикасен, во нашиот пример е одличен патоказ како модел кој би требало да го применуваме.

„Шведскиот модел, за разлика од останатите земји е најефикасниот, таму не е задолжителна маска, иако се препорачува. Сепак, прашањето е дали кај нас можат да се применат ваквите модели. Младите луѓе кај нас не се недисциплинирани, може да ги кажеме дека се себични. Ова исто така е најиразено во САД и Велика Британија“, вели Пановски.

На новинарско прашање, дали ќе биде вакцината на долг рок делотворна, Пановски вели:

„Докажано е дека вирусот мутира. Се зависи од следењето на вирусот, и да се следи колку вакцината е делотворна. И пак, ќе повторам оние кои го прележале вирусот, сметам дека нема потреба да се вакцинираат“.

Слични содржини