Пановски: Прославите и свадбите ќе бидат проверка колкав е нашиот колективен имунитет

од Берта Китинска
725 прегледи

После повеќе од една година е дозволено организирање на прослави и свадби на отворено со ограничен број на гости.За тоа како побезбедно може да се организираат прославите, а да не дојде до појава на нови жаришта  „Локално“ разговараше со микробиологот Никола Пановски. Според него организирањето на свадбите ќе биде една проверка колкав е нашиот колективен имунитет.

-Треба да се внимава на хигиена на рацете, да не се користи ист прибор, посебно внимание треба при посета на тоалетите, во тие случаи треба да се носи маска. Се останато е на совеста на гостите, дали ќе се прегрнуваат, бакнуваат, итн. Се разбира дека и алкохолот ќе влијае на попуштање на дисциплината. Во секој случај ова ќе биде проверка колкав е нашиот колективен имунитет, вели тој.

Владата денеска го објави правилата по кои ќе треба да се организира една свадба.  Според протоколот на една маса ќе биде дозволено да седат по шест лица. Бројот на гости ќе се ограничи  на 50% од капацитетот на објектот, но не повеќе од 100 лица. На влез задолжително ќе се мери температура. Дозволена е жива музика но, само ако се прави свадба. Музичарите треба да бидат оддалечени најмалку 5 метри од најблиската маса и не смеат да се движат и пеат помеѓу гостите. Дозволено е играње на подиумот со безбеден простор од 4 метри квадратни по лице и со почитување на препорачаната дистанца.

Слични содржини