Пановски: Рестораните работат од економски причини, па плаќаме со болест и животи

Според микробиологот Д-р. Никола Пановски, надлежните треба да признаат каде најмногу се шири коронавирусот, а не како што вели, да се затскриваат преку пишувањето на санкции за неносење на маски. Оттаму, Пановски вели дека треба да се затворат угостителските објекти, и да има ред во јавниот превоз и на тој начин ќе се оддржи контролата врз третиот бран.

„Сите мерки, додека работат кафани, кафичи, фитнес клубови, коцкарници и обложувалници се депласирани, без разлика дали од 22 до 05 часот. Казнување на луѓе по улица дека не носеле маски, никаква врска тоа нема со ширење на епидемија. Се знае каде се шири епидемија. Рестораните, барем според мене, не треба да работат. Од економски причини работат, па плаќаме со болест и животи, а друго е што таму внатре не се почитуваат мерките, бидејќи во кафичите секојдневно гледате како стојат на кољопои на триесет сантими без маски, вели професор доктор Никола Пановски за Алфа.

 

Слични содржини