Дејвид Бекам е снимен на својата луксузна јахта „Sevem“, која ја нарекол по ќерката, а овој пат со него не била сопругата Викторија.
Познатиот фудбалер Дејвид Бекам во Мајами ужива во благодетите на луксузниот живот.
Тој се пресели таму со своето семејство кога го основаше фудбалскиот клуб Интер Мајами, а папараците сега го уловија на неговата суперјахта каде уживаше во дружењето со близок пријател, американскиот претприемач Дејвид Гарднер, а му се придружи и неговата 10-години стара ќерка Харпер Севен.
Сопругата на Дејвид, дизајнерката Викторија Бекам, овој пат ја немаше на повидок, иако се неразделни, а на јахтата имаа и слуги, па фудбалерот можеше целосно да се опушти, што и направи и не им обрна внимание на љубопитните папараци.
Дејвид гордо ја именуваше својата јахта по бројот што го носеше на дресот на Манчестер Јунајтед, а „седумка“ беше и во англиската репрезентација. Исто така, бројот седум има посебно значење за него и неговата сопруга, бидејќи е средното име на нивната ќерка.
Инаку, Дејвид и Викторија се во брак од 1999 година, а покрај Харпер Севен, имаат и три сина, Бруклин (22), Ромео (19) и Круз (17).