Папата Франциск: Единствените победници во војните се производителите на оружје

од Stefanija Kuzmanovska
548 прегледи

Папата Франциск денеска повика на крај на војните, евоцирајќи го ужасот од масовните убиства и жртвите на нацизмот во пресрет на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот.

„Сеќавањето и осудувањето на тоа страшно истребување на милиони луѓе може да им помогне на сите да не заборават дека логиката на омраза и насилство никогаш не може да се оправда“, порача папата на неделната аудиенција.

„Да не се умориме да се молиме за мир, конфликтите да завршат, оружјето да замолчи и исцрпеното население да дише“, рече тој.

Поглаварот на повеќе од 1,35 милијарди католици во светот го спомна актуелниот израелско-палестински конфликт и бомбардирањето на цивилите во „маченичка Украина“.

Папата го повтори своето тврдење дека „војната е секогаш пораз“ во која „единствените победници се производителите на оружје“.

Слични содржини