Папата Франциск: Европа пред демографска криза, потребни се смели про-семејни политики

од Илинка Илиоска
133 прегледи

Владите мора да спроведат „сериозни и ефективни“ про-семејни политики за да се справат со проблемите со падот на наталитетот и стареењето на населението, рече во денес поглаварот на Римокатоличката црква, повикувајќи ги младите да имаат доверба во иднината.

Папата Франциск, говорејќи на конференцијата за растечката демографска криза, рече дека бројот на раѓања е првиот показател за „надежта на народот“ и дека Европа се повеќе се претвора во „стар, уморен и резигниран“ континент, пишува Ројтерс.

„Итно се потребни ефективни политики, смели, конкретни и долгорочни избори… Потребна е поголема посветеност на сите влади за да ги стават младите генерации во позиција да ги остварат своите легитимни соништа“, рече тој.

Во последните десет години, стапката на фертилитет во Европа изнесуваше 1,5 родени деца по жена. Тоа е над најниското ниво регистрирано во Источна Азија, но далеку под 2,1 потребни за одржување на нивото на населението.

„Постои факт што ми го кажа еден демографски научник. Моментално инвестициите кои носат најголем приход се фабриките за оружје и контрацепцијата. Едната го уништува животот, другата го спречува животот… Каква иднина имаме? Тоа е грдо“, рече Папата.

Во Италија, раѓањата паднаа на рекордно ниско ниво во 2023 година, 15-ти последователен годишен пад, објави националниот институт за статистика ИСТАТ во март.

Последователните влади досега не успеаја да го сменат трендот и покрај постојаните ветувања.

„Домовите се полни со предмети и се празнат од деца, стануваат многу тажни места. Не недостасуваат кучиња и мачки. Нема недостиг од нив. Има недостиг од деца“, рече папата Франциск.

Тој нагласи дека политиките треба да им овозможат на мајките да не треба да избираат помеѓу работа и грижа за децата, а на младите парови да им дадат стабилна работа и можност да купат дом.

Слични содржини