Папата Франциск им даде право на глас на жените на претстојниот состанок на бискупите

од Stefanija Kuzmanovska

Папата Франциск одлучи да им даде право на жените да гласаат на претстојниот состанок на бискупите, што е промена без преседан која ја одразува неговата надеж дека жените ќе имаат поголемо влијание во одлучувањето и дека ќе имаат поголемо учество во животот на католичката црква, пренесува АП.

Папата Франциск ги одобри измените на нормите со кои се регулира Синодот на бискупите, ватиканското тело кое ги собира светските бискупи на периодични состаноци, по децениските барања на жените да имаат право на глас.

Ватикан во средата ги објави промените кои ги одобри, кои ја нагласуваат неговата визија за верниците лаици да преземат поголема улога во црковните работи кои досега им беа доверени само на свештенството, бискупите и кардиналите.

Слични содржини