Папата Франциск се врати во Ватикан откако беше пренесен во болница во Рим, откако се пожали дека сè уште е настинат, објавија италијанските медиуми.
Папата бил подложен на лекарски преглед во болницата „Џемели“, пренесува „Ројтерс“.
Медиумите претходно објавија дека папата се пожалил дека се чувствува лошо за време на општата аудиенција во Ватикан.
Тој за време на аудиенцијата кажал дека сè уште не се опоравил од грипот поради кој последните денови ги намалил активностите и дека „сè уште е малку настинат“.