274
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, повика денеска на молитви за мир во Украина, во проповедта по повод католичкиот празник Успение што се одржа на плоштадот Свети Петар во Рим.
„Денеска ги испраќаме нашите молитви до Богородица за мир во Украина и во сите региони зафатени од војна. Вооружениот конфликт ги попречува напорите за градење дијалог. Законот на сила преовладува над силата на законот. Ќе продолжиме да се надеваме и да се молиме“, порача папата, пренесува ТАСС.
Папата претходно изјави дека Европа и воопшто Западот ги изгубиле „насоките на мирот“ и дека се соочуваат со недостиг од дипломатски иницијативи за решавање на украинскиот конфликт и други кризи.