Папата Франциск денеска се сретна со сопругата на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, кој се наоѓа во британски затвор и се бори за екстрадиција во САД.
„Светиот отец ја прими г-ѓа Стела Асанж, заедно со членовите на семејството“, се наведува во соопштението од Ватикан, пренесува „Ројтерс“.
Стела Асанж води кампања за ослободување на нејзиниот сопруг, кој е во затвор поради објавување на доверливи американски воени досиеја и дипломатски телеграми.
Тој се соочува со 175 години затвор во САД за откривање на најголемата корупција на доверливи информации во историјата на земјата, која, според Вашингтон, ги ставила во опасност животите на некои луѓе.
Меѓународната и европската федерација на новинари ги повикаа САД да се откажат од обвиненијата против Џулијан Асанж и да му дозволат да се врати дома кај своите деца и сопругата.