Папата Франциск ги повика богатите држави во светот да почнат да го исплаќаат “тешкиот социјален долг” кон сиромашните и да преземат конкретни чекори за борба против климатските промени, пренесува “Гардијан”.
Папсоата порака (енциклика) за животна средина до сите католици, кое е објавена на околу 190 страници, не е само моралнен повик за акција за прекинување на користењето на јаглеводородни суровини како што се очекуваше. Во енциклика се упатуваат критики кон рамнодушноста на властодршците.
Енцикликата главно има програмски карактер и може да се однесува на верски, политички или општествен проблем. Текстот на енцикликата се пишува на латински јазик.
Во претставувањето на новата енциклика за прв пат учествува претставник на православна црква.
Во документот папата повика за “културна револуција”, која ќе ја спаси планетата.
Тој го опиша човечкиот фактор врз природата како “една мала етичка, културна и духовна криза на денешницата”.
Одлуката, според неговите зборови, бара жртва и “храбра културна револуција” во светот.
“Странски долг на најсиромашните земји стана начин за контрола над нив, сепак тука се уште не станува збор за еколошки долг”, пишува папата. “На различни начини земјите во развој, каде најважните резерви од биосферата се наоѓаат, продолжуваат да го напојуваат развојот на побогатите држави на цената на нивното сегашност и иднина “, нагласува тој.
“Развиените земји можат да помогнат со исплатата на долгот преку значително ограничување експлоатацијата на необновливи извори и преку помагање на сиромашните држави, поддржувајќи ги политиките и програмите за одржлив развој”, повика папата Франциск.
На прес-конференцијата во Ватикан, која го одбележа објавувањето на пораката на повеќе од милијарда католици во светот, кардиналот Питер Трксон најави дека е потребно “практичните предлози да не бидат развивани идеолошки, површински или редукционистки начин”.
Неопходен е дијалог, додаде тој.
Папата го нарече пристапот до чиста вода за пиење “основно и универзално човеково право”, а лишувањето на сиромашните од пристап до вода е како да се негира правото на живот.
Франциск исто го обвини човекот за глобалното затоплување, нагласувајќи дека загадувањето на животната средина достигна “пресвртнички момент”. Според него властодршците камуфлирани проблемите.

