142
Папата Франциск денеска изјави дека Украинците се „маченици на агресијата“ и ја спореди оваа војна со „страшниот геноцид“ од 1930-тите, кога поранешниот советски лидер Јосиф Сталин „ги принудуваше луѓето да гладуваат“.
Ова го изјави денеска поглаварот на Римокатоличката црква, на крајот од проповедта, која ја одржа пред неколку илјади луѓе собрани на плоштадот Свети Петар во Ватикан, пренесе „Ројтерс“.
Папата Франциск минатата недела повтори дека Ватикан е подготвен да посредува меѓу двете страни и да направи се што е можно за да се стави крај на конфликтот меѓу Русија и Украина.