156
За време на денешниот редовен годишен говор пред дипломатите акредитирани во Ватикан, папата Франциск оцени дека војните како вооружениот конфликт што се случува во Украина, каде цивилните области се изложени на неселективно уништување, се „злосторство против Бога и човештвото“.
Според папата, нападите врз цивилната инфраструктура во кои луѓето умираат од оружје, глад и студ претставуваат чин на војна со цел неселективно уништување цели градови или огромни области, но и злосторство против Бога и човештвото кое заслужува цврста и недвосмислена осуда, пренесува „Ројтерс“.