Папата Франциск во посета на Монголија

од Radmila Tasevska
283 прегледи

Папата Франциск вечерва отпатува за Монголија, доминантно будистичка земја со само 1.450 католици.

Поглаварот на Римокатоличката црква ќе лета девет часа и 30 минути до Улан Батор. Авионот еден час ќе лета над Кина, а папата ќе испрати порака до кинескиот претседател Си Џинпинг. Папата Франциск испраќа пораки до сите лидери кога лета над нивните држави.

Во пораките обично се благословува земјата и нејзиниот народ, но во случајот со Кина, пораката е повнимателно составена поради комплицираните односи на Ватикан со Пекинг.

Монголија беше дел од Кина до 1921 година и одржува блиски политички и економски врски со Пекинг. Според дипломатите дека Монголија би можела да биде посредник со Кина.

Посетите на места каде што католиците се малцинство е дел од политиката на папата Франциск за привлекување внимание кон луѓето и проблемите на, како што ги нарече, перифериите на општеството и светот.

Предвидено е папата Франциск на 2 септември да се обрати пред владините лидери и дипломатскиот кор, а следниот ден ќе учествува и на меѓурелигиски состанок.

– Посетата на папата му покажува на светот дека современа Монголија продолжува да ја прифаќа слободата на религијата и мирниот соживот на религиите во Монголија, изјави монголски амбасадор во Ватикан, Герелма Давасурен.

Слични содржини