Папата Франциск заминува во Монголија

од Stefanija Kuzmanovska

Папата Франциск денеска треба да замине за Монголија, каде ќе се сретне со монголските лидери, јавни личности и претставници на граѓанското општество.

Франциск ќе биде првиот папа кој ќе ја посети оваа земја без излез на море, која се наоѓа меѓу Русија и Кина.

Тој треба да полета од Рим во 18:30 часот во четврток, а неговото пристигнување во главниот град на Монголија, Улан Батор, се очекува во петок наутро.

Веднаш по неговото пристигнување, тој ќе добие официјален пречек на аеродромот Џингис Кан. По ноќниот лет, 86-годишникот се очекува да нема обврски првиот ден.

Тој планира да остане во таа источноазиска земја до понеделник.

Во Монголија има само околу 1.500 католици од над 3 милиони жители. Главните религии во земјата се будизмот и шаманизмот.

Папата има за цел да ја зајакне малата католичка заедница и да промовира дијалог меѓу религиите за време на неговата посета.

Слични содржини