Папата Франциск: Ако се повлечам, нема да живеам во Ватикан или во Аргентина

од Stefanija Kuzmanovska
271 прегледи

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск денеска изјави дека нема да живее во Ватикан или во својата родна Аргентина доколку некогаш се повлече од функцијата, туку ќе најде црква во Рим каде што ќе може да продолжи да слуша исповеди.

„Јас сум римски бискуп “, рече папата во интервју за шпанската „Телевиса унивизион“, пренесе АП.

Папата Франциск негираше дека планира да се повлече во скоро време, но исто така рече дека „сите врати се отворени“ откако папата Бенедикт Шеснаесетти стана првиот папа во последните 600 години што се повлече во 2013 година.

Слични содржини