Папата Франциск: Нападот во Кременчук е варварски чин

од Stefanija Kuzmanovska
185 прегледи

Папата Франциск денеска го осуди бомбардирањето на преполниот трговски центар во Кременчук во централна Украина, нарекувајќи го чинот „последен во серијата варварски напади против Украина“.

Обраќајќи им се на верниците на плоштадот Свети Петар во Ватикан, папата рече дека „секој ден во срцето ја носи драгата и маченичка Украина“, пренесува „Гардијан“.

Тој додаде дека земјата продолжува да биде „измачувана од варварски напади, како оној во Кременчук“:

„Се молам оваа луда војна да заврши наскоро и го повторувам апелот неуморно да истраеме во молитвата за мир“, рече папата.

Украина соопшти дека најмалку 18 лица загинале во понеделникот во рускиот ракетен напад врз преполн трговски центар во Кременчук.

Слични содржини