Папата Франциск се сретна со четвртата група трансродови лица кои нашле засолниште во римската црква, објави денеска ватиканскиот весник „Осетваторе Романо“.
Весникот наведува дека средбата се одржала вчера на маргините на неделната аудиенција на Папата, пренесе АП.
Сестра Женевиев Жанингрос и свештеникот Андреа Конокија изјавија дека пречекот на папата им донесе надеж на гостите.