Папата Франциск упати апел до светските лидери дипломатски да го решат конфликтот во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
218 прегледи

Папата Франциск денеска повторно ги повика светските лидери да бараат дипломатско решение за ставање крај на конфликтот во Украина.

„Додека беснее лудилото на уништувањето и смртта и се разгорува конфликтот, поттикнувајќи сè поопасна ескалација за сите, го повторувам мојот апел до лидерите на народите: Ве молим, не го водете човештвото во пропаст!“, порача папата, пренесува Си-Ен-Ен.

Папата Франциск повика на вистински преговори, конкретни разговори за прекин на огнот и одржливо решение.

Слични содржини