237
Во неделното обраќање на плоштадот Свети Петар, папата Франциско го опиша конфликтот во Украина како „грозоморна регресија на човештвото“, што, како што рече, го тера да „страда и плаче“.
Обраќајќи им се на илјадниците луѓе собрани на плоштадот Свети Петар, тој повика на отворање на хуманитарни коридори за евакуација на луѓето заробени во фабриката за челик во Мариупол, пренесува Ројтерс.