Папата Франциск денеска изјави дека светските лидери треба да се срамат затоа што не спроведуваат обврзувачки цели за забавување на климатските промени.
Тој апелираше до нив да почнат да го прават ова пред да биде предоцна, предупредувајќи дека забрзаното затоплување на „Божјата креација“ ја достигнува „точката од која нема враќање“.
Папата ја упати оваа критика и апел поради „неповратната штета“ што веќе им е нанесена на луѓето и нашата планета, предупредувајќи уште еднаш дека сиромашните и најранливите во светот плаќаат највисока цена, пренесе АП.