Папата ги повика сите да се вакцинираат

од Stefanija Kuzmanovska
314 прегледи

Папата Франциск ги повика сите да се вакцинираат против ковид-19, велејќи дека вакцините можат да стават крај на пандемијата, но дека секој треба да ги прими.

„Благодарение на Божјата благодат и работата на многумина, сега имаме вакцини што нѐ штитат од ковид-19“, рече папата Фрањо во видео пораката што ја сними во име на американската непрофитна организација Ад Совет и здравствената асоцијација COVID Collaborative.

Вакцините „ни даваат надеж за крај на пандемијата, но само ако се достапни за секого и ако работиме заедно“, додаде папата.

Вакцините се достапни денес претежно во побогатите земји, но поради недоверба во нивната безбедност, многу жители одбиваат да се вакцинираат, останувајќи на удар на ширењето на делта сојот на вирусот. Во исто време, посиромашните земји сѐ уште немаат пристап до доволни количини вакцини, пренесува „Ројтерс“.

Здравствените експерти предупредуваат дека понатамошната циркулација на вирусот кај невакцинираната популација создава опасност од развој на нови, уште поопасни видови.

Самиот папа беше вакциниран во март, велејќи дека тоа е етичка должност.

Слични содржини