Папата го осуди последниот бран ракетни напади врз Украина: „Да се отвори пат за прекин на огнот“

од Stefanija Kuzmanovska
78 прегледи

Папата Франциск денеска го осуди последниот бран ракетни напади врз Украина и повика на прекин на огнот за да се спречи ризикот од ескалација на конфликтот.

„Со болка и загриженост дознав за нов и уште пожесток ракетен напад врз Украина, кој предизвика смрт и штета на голем број цивилна инфраструктура“, ​​рече папата Франциск, пренесе „Ројтерс“.

Папата зборуваше на општа аудиенција, а како што пренесува британската агенција, тој не го спомнал инцидентот во Полска во близина на украинската граница, каде паднаа две ракети и предизвикаа експлозија во која загинаа две лица.

„Да се ​​молиме Господ да ги преобрати срцата на оние кои се уште се обложуваат на војна и да направи желбата за мир да надвладее во напатената Украина за да се избегне ескалација и да се отвори патот за прекин на огнот и дијалог“, рече тој.

Генералштабот на украинските вооружени сили вчера соопшти дека Русија лансирала 110 ракети кон Украина и 10 беспилотни летала од иранско производство.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека главна цел на ракетниот напад била енергетската инфраструктура, како и досега, но додаде дека вкупно биле погодени само 10 од предвидените цели.

Слични содржини