Папата Франциск денеска ја повика милитантната исламистичка група Хамас да ги ослободи сите заложници што ги зароби за време на нападот врз Израел.
Истовремено, Папата изрази сериозна загриженост за целосната израелска опсада на Газа, пренесе Ројтерс.
За време на аудиенцијата во неделата, Папата истакна дека Израел, како нападната страна, има право да се брани, но рече дека е многу загрижен поради целосната опсада на Палестинците во Газа, каде што исто така има многу невини жртви.