353
Папата Франциско ги предупреди свештениците и калуѓерките за опасностите од онлајн порнографијата, посочувајќи дека „ѓаволот влегува во нас од таму“.
Тој ги повика да ги користат социјалните мрежи „за личен развој и комуникација“, истовремено предупредувајќи ги на опасностите од дигиталната порнографија, пишува Гардијан.
„Чистото срце, кое секојдневно го прифаќа Исус, не може да прима порнографски информации.Тоа е порок на многу луѓе, многу лаици, но и свештеници и калуѓерки. Оттаму доаѓа ѓаволот. И не зборувам само за порнографија како онаа на злоупотреба на деца, која е монструозна, туку и за нормално порнографија. Драги браќа, внимавајте на тоа”, рече папата.