302
Папата Франциск ќе биде пуштен од болница во петок наутро, соопшти Ватикан, кој денеска ја објави и првата фотографија од папата по операцијата на абдоменална хернија на 7 јуни.
На фотографијата се гледа папата (86) во инвалидска количка како го посетува одделението за деца болни од рак во болницата Гемели во Рим, пренесува „Ројтерс“.
Сите должности на папата до 18 јуни се откажани, но и натаму е планирана посетата на Португалија од 2 до 6 август по повод Меѓународниот ден на младите.
Папата летово треба да ја посети и Монголија, од 31 август до 4 септември.