Папата Франциско им се извини на народот на Демократска Република Конго и Јужен Судан за откажувањето на посетата поради проблеми со одењето и изрази надеж дека неговото здравје ќе се подобри.
Ватикан претходно соопшти дека посетата на папата, која беше планирана од 2 до 7 јули, е откажана на неодредено време поради неговите проблеми со коленото.
Папата изминатиов месец користеше инвалидска количка поради проблеми со коленото.
„Чувствувам големо жалење затоа што морав да го одложам патувањето што сè уште сакам да го одам. Ве молам да ми простите. Да се молиме со Божја помош и исцеление да дојдам да го посетам што е можно поскоро“, рече Папата во обраќање до насобраните.на плоштадот Свети Петар.
Ватикан соопшти дека патувањето е одложено за да не бидат загрозени резултатите од терапијата за лекување на коленото на папата.
Папата се уште не ја откажал посетата на Канада, која е планирана од 24 до 30 јули.