Папата: Многу христијани носат крстови околу врат, а немаат вистинска врска со Исус

од Nikola Popovski

Папата Франциск изјави денеска дека крстот не треба да се користи како политички симбол и ги повика христијаните да не бидат триумфалистички настроени.

Папата отпатува за Прешов во источна Словачка, каде што претседаваше со долгата служба позната како Божествена литургија, византиски обред што го користеа православните цркви и католиците од источниот обред.

Папата проповедаше за христијанскиот идентитет, велејќи дека крстовите и распетијата честопати биле злоупотребувани од христијаните.

Во разговор со околу 30.000 верници, тој рече дека многу христијани имале распетија или крстови околу вратот, на sидовите во домовите, автомобилите и џебовите, но немаат вистинска врска со Исус.

„Што е добро овде ако не престанеме да го гледаме распнатиот Исус и да му ги отвориме срцата. Да не го сведуваме крстот на објект на побожност, а уште помалку на политички симбол, знак за верски и социјален статус“, рече Франциск.

На литургијата, Папата ги предупреди христијаните да не ја користат својата религија во таканаречените војни за културата, за кои смета дека се штетни за општото добро.

„Колку често копнееме по христијанството на победникот, триумфалистичкото христијанство што е важно и влијателно, кое се здоби со слава и чест“, рече тој.

„Крстот не е знаме што треба да се вее, туку чист извор на нов начин на живот“, рече Франциск, додавајќи дека вистинскиот верник „никогаш не гледа никого како непријател, туку секој како брат или сестра“.

По состанокот со папата во Будимпешта во неделата, унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека побарал од папата „да не дозволи христијанска Унгарија да пропадне“.

Папата во Унгарија рече дека земјата може да ги зачува своите христијански корени доколку ги отвори вратите за оние на кои им е потребна помош, мислејќи на мигрантите што Унгарија не сака да ги прифати во својата земја.

Слични содржини