25
Папата Лав XIV. понуди да посредува меѓу Киев и Москва за да помогне во постигнувањето мир во Украина, објави италијанскиот медиум РАИ, повикувајќи се на државниот секретар на Ватикан, Пјетро Паролин.
Паролин рече дека папата би можел да биде достапен за состанок меѓу двете завојувани страни, за „барем да се разговара“. Тој додаде дека Ватикан би можел да биде „многу соодветно место“ за таков состанок.