235
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск изјави дека нема да ја посети Украина, иако наводно размислувал за таа посета на почетокот на месецов.
„Каква корист е посетата на Киев, ако војната продолжи и ден потоа“, му рекол Папата на новинарот на аргентинскиот дневен весник „Насион“, цитиран од Би-Би-Си.
Папата истакна дека е „подготвен да стори сé за да ја запре војната“, но верува дека неговата посета може да ги попречи „повисоките цели“, како што се напорите за завршување на војната.