Папата повика на „конкретни чекори“ за ставање крај на војната во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
116 прегледи

Папата Франциск денеска повика на „конкретни чекори“ за ставање крај на војната во Украина и спречување на ризикот од нуклеарна катастрофа во нуклеарната централа во Запорожје.

Поглаварот на Римокатоличката црква на генералната аудиенција во неделата рече дека жената која загина во експлозија на автомобил-бомба, мислејќи на руската новинарка и политиколог Дарја Дугина, исто така е меѓу невините убиени во војната, пренесе „Ројтерс“.

Папата рече дека трговците со оружје, кои профитираат од војната, се „деликвенти кои го убиваат човештвото“.

Слични содржини