Папата се извини за злосторствата на Католичката црква врз Индијанците

од Vladimir Zorba
143 прегледи

Папата Франциско за време на посетата на Боливија се извини за гревовите и злосторствата извршени од страна на Католичката црква врз домородното население за време на освојувањето на американскиот континент во ерата на колонијализмот.

папа

Првиот латиноамерикански папа во историјата „смирено“ замоли за прошка за време на средбата со претставници на домородното население и други активисти, во присуство на првиот боливиски претседател од индијанско потекло Ево Моралес.

Папата Франциско нагласи дека лидерите на латиноамериканската црква во минатото признавале тешки гревови, извршени врз локалното населние во Америка во името на Бог.

Јован Павле Втори за време на посетата во 1992 година на Доминиканската Република се извини на домородното население на Америка за болката и страдањата извршени за време на 500-годишното црковно присуство на континентот.

– Смирено молам за прошка не само за злосторствата на самата црква, туку и за злосторствата извршени против локалното население за време на освојувањето на Америка, изјави Папата Франциско, што беше поздравено со силен аплауз и радосни извици меѓу насобраните луѓе./МИА