Папата се шегувал со мексикански свештеници, барал текила за болка во колената

од Nikola Popovski
269 прегледи

Папата Франциско се пошегувал со мексиканските свештеници за време на генералната аудиенција кои го прашале за хроничната болка во колената, а тој им рекол дека „малку текила“ ќе биде добра за неговата нога, пренесува АФП, додавајќи дека папата ги насмеа лприсутните.

Разговорот е снимен минатата среда за време на општата, неделна аудиенција и објавен на Тик Ток.

„Папа Фрањо, како е коленото“, прашал еден од свештениците. „Сосема каприциозно“, одговорил Светиот отец.

Папата Франциско првпат ја спомнал болката во коленото во јавноста на почетокот на мај и ја одложи посетата на Либан. Свештеникот му се заблагодарил за насмевката и радоста што е со нив и покрај неговите здравствени проблеми.

„Исто така, давате добар пример за идните свештеници“, додал мексиканскиот свештеник.

„Ќе донесеме едно шише“

„Знаеш што ми треба за ногата. Малку текила“, одговори 85-годишниот Франциск.

„Ако еден ден дојдеме во Санта Марта, ќе донесеме едно шише“, одговорил свештеникот, мислејќи на приватната резиденција на папата во Ватикан.

Ова не е прв пат Папата да ја покаже својата смисла за хумор. Објаснувајќи им ги здравствените проблеми на верниците во јануари, тој рече дека тие се „минливи“.

„Велат дека тоа им се случува само на старите луѓе, па не знам зошто ми се случило“, рече тогаш папата.

Слични содржини