214
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, кој има 84 години, ја прими вакцината против коронавирус на првиот ден од вакцинацијата во Ватикан, пренесоа медиумите.
Франциск ја прими вакцината на влезот во салата за присутните, јавија новинари блиски до папата, иако од кабинетот на Папата сè уште официјално не ја потврдила веста.
Портпаролот на Светата Столица, Матео Бруни претходно денес изјави дека започна вакцинацијата на околу 5.000 жители и вработени во државата Ватикан. Папата неодамна рече дека ќе ја прими вакцината, опишувајќи го спротивставувањето на вакцината како „самоубиствен негативизам“ и додаде дека „етичкиот избор“ е неопходен за заштита на животот на другите луѓе.