165
Папата Франциск денеска ги упати своите молитви за жртвите од трагедијата за време на прославата на Ноќта на вештерките во Сеул, кога повеќе од 150 луѓе загинаа во стампедо во тесните улички на градот.
На крајот од својата молитва на плоштадот Свети Петар, папата ги замоли верниците да се молат за „многуте луѓе, особено за младите кои загинаа вечерва во Сеул, како трагична последица од ненадејното стампедо“.
Во метежот синоќа во тесните улички на Сеул за време на прославата на Ноќта на вештерките, според последните официјални податоци загинале 153 лица, а 133 се повредени.
Министерството за внатрешни работи на Јужна Кореја соопшти дека бројот на жртвите може дополнително да се зголеми бидејќи 37 повредени лица се во тешка состојба.