Папата: Војната во Украина е неоправдан, бесмислен масакр

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Папата Франциск денеска го нарече конфликтот во Украина неоправдан, бесмислен масакр и побара од лидерите да престанат со оваа „неприфатлива војна“.

„За жал, насилната агресија против Украина не стивнува“, им порача папата Франциск на десетици илјади луѓе собрани на плоштадот Свети Петар за време на неделната молитва, пренесе Ројтерс.

Тој изјави дека тоа е бесмислен масакр во кој секојдневно се повторуваат убиства и злосторства.