321
Папата Франциск денеска за првпат се појави во јавноста во инвалидска количка поради болки во коленото.
На аудиенција со група калуѓерки во Ватикан, папата беше донесен во инвалидска количка до неговото место на сцената. Имаше помошник кој му помогнал да стане и седне.
Папата мораше неколку пати да ги откажува или намалува активностите во последниот месец поради болки во десното колено.
Неколку пати за време на велигденските празници минатиот месец папата беше присутен, но не водеше миса во базиликата Св. Петар.
Папата рече дека лекарите му рекле дека ќе му дадат инекција за да му помогнат полесно да се движи. Не е познато дали почнал да ја прима оваа терапија.