303
Папата Франциск денес се врати од Ирак. По повод Денот на жената, тој го критикуваше третманот на жените таму и истакна дека тие се похрабри од мажите.
Поглаварот на Католичката црква рече дека не можел да поверува во тоа кога му покажале список на жени понудени за продажба, што го прави терористичката милиција Исламска држава со жени Јазиди.
„Криумчарењето луѓе се прави насекаде, вклучително и во срцето на Европа“, рекол папата, додавајќи дека во Рим разговарал со жена, која била искористена и злоупотребена.
„Жените се похрабри од мажите, така е“, заклучил Папата.