Бизнисменот и почесен конзул на Косово, Арсим Папранику, во полиција дал исказ дека на 15-ти декември го одвезол поранешниот вицепремиер Артан Груби до Тирана, каде пиеле кафе и го оставил во хотел близу стадионот, дознава „Фокус“ од полициски извори.
Според Фокус дел од членовите на владата и одредени институции располагаат со неофицијални информации дека Груби престојува покрај Јадранско море, близу Драч. Поточно, станува збор за местото Хамалај.
Откако беше објавено дека поранешниот вицепремиер Артан Груби, еден од осомничените во случајот „Лотарија“, престојува во Албанија, во близина на Драч, се огласи актуелниот вицепремиер Изет Меџити, кој во интервју за албанската „Ора њуз“ изјави дека и, според неговите информации, Груби не е повеќе во Косово, туку во Албанија.
Каде се кријат осомничените бегалци: Груби престојува близу Драч, Ковачевски заминал за Нов Зеланд?!
–Мислам дека тоа е должност на органите на прогонот, тие ќе поднесат меѓународна тужба преку Интерпол. Според информациите не е на Косово, тој е во Албанија. Но, тоа не е важно, со бегството тој ја докажал вината и затоа побегнал од државата. Мислам дека денес, утре или задутре тој еден ден ќе се соочи со правдата – рече Меџити.