Парчиња метал во туната „Рио маре“, Хрватска ја повлекува од продажба

од Берта Китинска
718 прегледи

Туна произведена од „Рио Маре“, од пакување од по 80 грама во маслиново масло, итно е повлечена  од полиците во Хрватска.

Хрватското Министерство за земјоделство поништи одредена серија туна „Рио Маре“, број ЛОТ L21127, датум на истекување 31.12.2025 година. Производот содржи можни парчиња метал, изјави увозникот и дистрибутер Орбико д.о.о. од Загреб, за хрватските медиуми објаснувајќи дека тоа е само серија со горенаведените ознаки.

Производот, како што се наведува во известувањето, не е во согласност со Уредбата 178/2002 за утврдување на општите начела и услови во Законот за храна, основањето на Европска агенција за сигурност на храната како и заутврдување постапки во областа на безбедност на храната.

Слични содржини