Пари во Русија нема, “држете се”!

од desk3
83 прегледи

Без да сака, рускиот премиер изрече една вистина и дури самиот не сфати дека вели нешто опасно – не само лично за него, туку и за целата власт во земјата, пренесува DW.

0,,18159633_303,00

“Пари нема”, изјави на 23 мај рускиот премиер Медведев во Крим и препорача на постарите жени, чии пензии не надминуваат 100 евра месечно, “да се држат”. Им п осака уште им добро здравје и добро расположение. Оваа изјава на Медведев уште еднаш го претвори во “ѕвезда” на руските социјални мрежи, каде зборовите му беа пренесени во неколку наврати.

“Големата” против “малата” Русија

Исмејувањето на мрежата уште не беа стивната, кога и Владимир Путин интервенира во дискусијата. Тој посочи дека зборовите на Медведев биле извадени од контекст. Односно, биле неправилно цитирани. Но дали е така? Дури и површна анализа на економијата на Русија потврдува дека Премиерот бил невообичаено искрен. Неговите зборови се самата вистина. Уште во крајот на 2014 година беше јасно дека порано или подоцна руските власти ќе ги обвинат за економската криза токму жителите на Крим. Лагата дека за сето биле виновни западните санкции, добива сè помалку верба. Се повеќе Руси почнуваат да разбираат дека економските проблеми се главната закана за земјата.

Се разбира, може да се каже дека за сето се виновни ниските цени на нафтата. Но тоа значи да ја признаеш немоќта на власта. Затоа да припишеш сè на цената на нафтата е сеедно јавно да признаеш пред Русите, дека не е важно кој е на чело на државата, бидејќи единствениот важен фактор е цената на “црното злато”. А тоа е доста опасно, бидејќи оттаму до повиците за преземање на законски избраната власт има само еден чекор.

Патрик Бјукенен: “Големата Бела Надеж” на САД

Затоа сега итно се бара виновник. Таков може да биде и самиот премиер Дмитриј Медведев. Но, се разбира, владата нема само да ја признае вината. Затоа Медведев најде умно решение. Пред телевизиските камери, тој објасни на “незаситните” баби од Крим, дека нема како да гизголемува нивните пензии за сметка на приходите на луѓето во “големата” Русија. Пари за зголемување на пензиите немало за никого, вклучувајќи и за Кримските граѓани, затоа секој да се снајде како може и да не прашува за повеќе. А и Русите нека виделе како оние од Крим се обидуваат да им се мешаат во излитениот џеб.

Под границата на сиромаштијата

Статистичките податоци покажуваат дека во последната година финансиската ситуација на Русите е влошена со близу 40%. Токму со овој процент се намалија и платите во доларски израз. Само во април реалните парични примања се намалиле за околу 7%. Во исто време значително се зголемила невработеноста. Според податоците на рускиот Сојуз на индустријалци и претприемачи, над 40 проценти од фирмите имаат намера да ги стегаат трошоците преку отпуштања на работните места.

Советникот на рускиот претседател Андреј Белоусов изјави дека во текот на сегашната криза во Русија се појавиле околу пет милиони “нови сиромашни” и власта всушност не е во можност да им помогне на овие луѓе. На владата и останува само цинично да им посака здравје и добро расположение, бидејќи во моментот се вршат и кратења во здравството и образовниот систем, а многу наставници веќе живеат под прагот на сиромаштијата. Значи од сите апели на Димитриј Медведев има само еден единствен, кој содржи некаква смисла: “Чувајте се!”