218
Воведуваме нова еднократна парична помош во висина од 20.000 денари, за семејствата со лице со попреченост од општина Валандово. Мерката ќе започне со реализација во тековната 2022 година и право на користење на истата ќе имаат сите семејства во кои има лице со попреченост.
Покрај ова мерка, општина Валандово на чело со министерот Перо Костадинов, претходниот период воведе и еднократна парична помош за: првачиња; социјално загрозени граѓани и новороденчиња.
Додека пак за наредниот период, планирана е и мерка која ќе ги подджи самохраните родители од општината.
Развојот на заедницата може да се обезбеди единствено преку целосна инклузија, силна емпатија и безусловна солидарност, како основни човекови вредности, порачуваат од општината.