На метеорологот од Сан Диего, Пол Гришам, му е вратен паричникот 53 години откако го изгубил на Антарктикот.
Тој за „San Diego Union-Tribune“ изјавил дека е шокиран од тоа колку луѓе се собрале да го најдат и да му го вратат паричникот.
91-годишниот Гришам бил во мисијата „Deep Freeze“ опкружен со мраз во текот на 60-тите години на минатиот век, кога бил испратен на најстудениот континент како воен метеоролог. Паричникот што го изгубил во тоа време има лична карта, возачка дозвола, упатства во случај на атомски, биолошки или хемиски напад, сметки и ваучер за пиво.
Патем, документите беа пронајдени уште во 2014 година при уривање на зграда, а голем број луѓе ги здружија силите со цел да откријат на кого припаѓаат, користејќи модерна технологија.
Fifty-three years after retired Navy meteorologist Paul Grisham of San Diego spent 13 months working in Antarctica, the wallet he lost on the frozen continent was finally returned to him on Saturday. https://t.co/jH6Rmo0GtA pic.twitter.com/PDqpn1q7uK
— San Diego Union-Tribune (@sdut) February 4, 2021