Париз: Инспекции во џамиите

од Nikola Popovski
295 прегледи

Француските државни инспектори ќе го проверат финансирањето на џамиите, врските на нивните имами, како и училиштата на Куранот за мали деца, пишуца Ројтерс.

Француските власти наредиле инспекција на десетици џамии и молитвени сали за кои постои сомневање дека се поврзани со екстремисти, пренесува денес Би-Би-Си.

Министерот за внатрешни работи Жерар Дарманин објавил дека некои џамии можат да бидат затворени доколку се утврди дека во нив се поттикнува екстремизам.

Инспекциите доаѓаат како одговор на нападите во октомври за кои се обвинети исламистите, вклучувајќи го и обезглавувањето на наставникот Самуел Пати.

Во белешката испратена до раководителите на регионалните безбедносни служби, Дарманин известил дека ќе бидат воспоставени специјални проверки и надзор над 76 џамии и молитвени сали, од кои 16 се наоѓаат во регионот на Париз. Според француските медиуми, Дарманин наредил „итна акција“ за 18 џамии.

Овие 76 џамии што инспекторите ќе ги посетат се само дел од околу 2.600 муслимански верски места во Франција.

Слични содржини