Француското Министерство за надворешни работи официјално ја информирало руската амбасада за мерките на ЕУ за ограничување на движењето на руските дипломати, а амбасадата сега мора да го информира француското министерство за пристигнувањето или транзитот на руските дипломати акредитирани во други земји од ЕУ, соопшти руската амбасада во Франција.
Во соопштението се наведува дека француското Министерство за надворешни работи официјално ја информираше руската амбасада во Париз за спроведувањето на одлуката на ЕУ за воведување ограничувања за движење на вработените во руските мисии во странство и членовите на нивните семејства од 25 јануари, објави РИА Новости.
„Постапката што е во сила е дека амбасадата мора да го информира француското Министерство за надворешни работи најдоцна 24 часа пред пристигнувањето во Франција или транзитот на нашите колеги акредитирани во други земји од ЕУ“, се вели во соопштението.