Париз: На руските спортисти да не им се дозволи да се натпреваруваат на Олимпијадата

од Stefanija Kuzmanovska
168 прегледи

Градоначалничката на Париз, Ана Идалго, денеска изјави дека на руските спортисти не треба да им се дозволи да се натпреваруваат на Олимпијадата во Париз во 2024 година се додека трае војната во Украина.

„Се додека Русија продолжува да води војна против Украина, не сакам руската делегација да биде на Игрите во Париз 2024, сметам дека е непристојно“, изјави таа за радиото „Франс Анфо“.

Идалго истакна дека е незамисливо руските спортисти да маршираат како ништо да не се случува, руска делегација да дојде во Париз додека паѓаат бомби врз Украина, објави британскиот весник „Гардијан“.

Слични содржини